Во „Злетовица“ преокупирани со потпишување договори

Bez autora
Oct 06 2011

Во ЈП ХС „Злетовица“ почна постапката за потпишување на договорите со општините кои ќе ја користат водата од Злетовица. Договорот ќе биде потпишан помеѓу општините, „Злетовица“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во „Злетовица“ изјавија дека првите договори ќе бидат потпишан со општините Штип и Пробиштип. Наредните денови општините во Министерството за финансии ќе треба да ги потпишат и договорите за земање заем од преостанатите пари од јапонскиот кредит со кој се градеше Првата фаза од ХС „Злетовица“. До крајот на оваа година треба да бидат завршени сите потребни административни работи. Од почетокот на 2012 година очекуваме да бидат започнати и градежните работи за изградба на филтер станицата во Пробиштип и реконструкција на филтер станицата во Штип. Во општините кои ќе бидат корисници на услугите на „Злетовица“, пак, велат дека потпишување на подготвените договори ќе се изврши кога ќе бидат допрецизирани правата и обврските на двете страни. Во ЈП ХС „Злетовица“ не кријат дека постојат несогласувања со дел од општините.

Во „Злетовица“ преокупирани со потпишување договориВо ЈП ХС „Злетовица“ почна постапката за потпишување на договорите со општините кои ќе ја користат водата од Злетовица.

Договорот ќе биде потпишан помеѓу општините, „Злетовица“ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во „Злетовица“ изјавија дека првите договори ќе бидат потпишан со општините Штип и Пробиштип.

Наредните денови општините во Министерството за финансии ќе треба да ги потпишат и договорите за земање заем од преостанатите пари од јапонскиот кредит со кој се градеше Првата фаза од ХС „Злетовица“.

- До крајот на оваа година треба да бидат завршени сите потребни административни работи. Од почетокот на 2012 година очекуваме да бидат започнати и градежните работи за изградба на филтер станицата во Пробиштип и реконструкција на филтер станицата во Штип - изјави Сројан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“.

Во општините кои ќе бидат корисници на услугите на „Злетовица“, пак, велат дека потпишување на подготвените договори ќе се изврши кога ќе бидат допрецизирани правата и обврските на двете страни. Во ЈП ХС „Злетовица“ не кријат дека постојат несогласувања со дел од општините.

Се работи за одредени несогласувања на кои во овој период с` уште разговараме, кратко изјавија во ЈП ХС „Злетовица“, не откривајќи детали околу несогласувањата со општините. Сепак јавна тајна е дека несогласувањата се поради неприфаќање на предложената цена на водата која треба да се испорачува до јавните комунални претпријатија во шесте општини. Засега општина Кратово одбива да биде партнер со ЈП ХС „Злетовица“.

- Изградбата на водозафатот и цевководот за Кратово ги работеше општина Кратово и компанијата „Силекс“. Засега Кратово нема потреба од вода од ХС „Злетовица“. Доколку во иднина општината Кратово има потреба да ја користи водата од Злетовица во тој случај испорачаната вода ќе мора и да се плати, изјави директорот Миланов.

Во ЈП „Злетовица“ деновиве се во очекување на потпишување и на договорот со ЕИБ во износ од 1 милион евра, пари кои наменски ќе се користат за изработка на студиите, елаборатите и техничката документација за втората и третата фаза, наводнувањето на 4.100 хектари земјоделско земјиште и изградба на повеќе проточни хидроцентрали на Злетовска Река.

Минатата недела, како што изјавија од ЈП „Злетовица“, биле отворени пристигнатите понуди од меѓународниот тендер за избор на консултантска куќа која ќе ја изготвува потребната техничка документација за двете преостанати фази од ХС „Злетовица“. Во „Злетовица“ изјавија дека меѓу петте пристигнати понуди за консултант нема поединечна компанија. Понуди за учество на тендерот биле доставени од здружените конзорциуми, 1-Coyne et Bellier, и Sa. Tractabel enginerring, 2- Sweco, Aqvalogus, Hydrologic research и Hidro energo engineering, 3- Eptisa, Jaroslav cerni. Bar engineering, Enviroment и Rikom, 4- Societe du canal, De Provance, Voltitalia, Davosinvest и ZIM, 5- BRL enginierie, La Hneke international и GPM Counsulting, здружени домашни и странски компании од Франција, Шведска, Португалија, Италија, Бугарија, Србија и други земји од Европа. По извршеното рангирање на пристигнатите понуди, кое според најавите треба да се изврши во текот на оваа недела, извештајот ќе биде проследен до ЕИБ која ќе учествува и во конечниот избор на компанијата која ќе ги работи консултантските услуги.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik